Владата на денешната седница усвои предлог-мерки за унапредување на состојбата на македонскиот јазик и го задолжи Министерството за култура да ги спроведе усвоените предлог–мерки.
Мерките предвидуваат основање на Фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети, отворање и одржување на лекторатите по македонски јазик на странските универзитети, формирање на Фонд за поддршка на изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик од сите области, вклучувајќи изработка на академска граматика, речник, правопис, дијалектолошки и историски проучувања.
Освен тоа, со мерките се предвидува Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура да прерасне во Македонистички центар, со повеќе функции: организирање на летна школа,стипендирање на поголем број странци, кои би дошле да ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, како и формирање на постојана школа за изучување на македонскиот јазик како странски јазик (Македоникум), која би подразбирала помали семинари, кампови, работилници во текот на целата година за сите оние што се заинтересирани да го изучуваат македонскиот јазик како странски, а би работела и на комерцијално ниво и би издавала соодветни сертификати.
Се предвидува формирање Центар за постојана обука за лекторите по македонски јазик во странство, која би била активна не само за избраните лектори,за кои ова би било задолжително, туку за сите заинтересирани. Понатаму, во ова насока се предлага и формирање на Школа за подука по македонски јазик за македонските деца надвор од Македонија (летен камп), како и соодветна издавачка дејност.
Листата на предлог–мерки вклучува и спроведување на сеопфатна јавна расправа за Законот за македонскиот јазик, актуелните законски решенија и предлозите за измени и дополнувања на Законот што ќе произлезат од стручната јавност на таа дебата. Овие дебати и јавни расправи би им дале на институциите дополнителни податоци за перманентно дополнување на оваа програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во скопската ЗОО таблите за опис на животните на македонски и на албански јазик
-
Коѕијас до Мицотакис: „Македонскиот јазик“ официјално го предаде Нова демократија во 1977
-
Мицотакис: Не прифаќаме македонска националност и македонски јазик
-
Груевска-Маџоска: Македонскиот јазик не се споменува ниту еднаш во Стратегијата на Министерството за култура за 2018-2020