| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Со односот на владата на СДС работите одат во лоша насока

Според податоците на Народната банка на Република Македонија, но и од односот што јавно се гледа, работите одат во лоша насока, ќе продолжи трендот на намалување на странските инвестиции, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денес беше во посета на Зелениково.

-Можеби еден период државата ќе се вади на тоа што претходниот период се започнати градби, се започнати отворање на нови капацитети и можеби во првите шест месеци до една година, тоа нема до толку да се почувствува. Меѓутоа како времето ќе одминува со оваа политика која ја води владата ќе се гледа дека се помалку има нови странски инвеститори и тоа ќе значи намалување на трендот на намалување на невработеноста. Тој тренд ќе го почувствуваат најмногу невработените, а ќе го почувствуваат и вработените затоа што нема да постои притисок за зголемување на нивните плати, бидејќи единствениот начин да се зголемуваат платите е кога има притисок со нови вработувања и кога новите компании бараат да преземат вработени од постоечките компании. Тоа се помалку ќе го има, вели Груевски.

 

Груевски: Индустриската зона претставува можност за инвестирање и нови работни места

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top