| четврток, 6 декември 2018 |

Александрова: Цената на струјата ќе расте – Заев ги манипулира граѓаните со ветување за два часа евтина тарифа

Владата на СДС подготвува вистински шок за граѓаните со зголемување на цената на електричната енергија. Владата на Заев не размислува за доброто на граѓаните, туку за сопствениците на фирмите за трговија со електрична енергија од неговата Влада.  Заев ги манипулира граѓаните со ветување за два часа евтина тарифа во период од 14 часот до 16 часот, период  кој практично е неадекватен, бидејќи е период кога повеќето од граѓаните се надвор од домот и ги извршуваат своите работни активности. Односно истиот нема практична употреба, а тој ќе предизвика низа трошоци, кои ќе значат поскапа електрична енергија во целост – посочи Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната партиска пресконференција.

Според неа, ваквата активност на Владата ќе предизвика трошок кај ЕВН за прилагодување на над 800.000 броила. Трошокот на кој ќе подлежи ЕВН, додаде таа, истата лесно ќе го искомпензира, на грбот на граѓаните, со барање за покачување на цената на електричната енергија до Регулаторна комисија, со што цената во целост ќе се покачи.

-Дополнително најавената либерализација на пазарот на електрична енергија, кои според информациите кои проструија во јавноста се планирани со новиот закон за енергетика, неминовно ќе се предизвика покачување на цената на електричната енергија. Ова е уште еден доказ дека СДС не размислува за граѓаните. Пресметките се дека, доколку дојде до целосна либерализација на пазарот, тогаш граѓаните ќе плаќаат и до 20 отсто поскапа електрична енергија – вели Александрова.

Според Александрова либерализацијата на пазарот ќе значи изедначување на цената на електричната енергија во Република Македонија, со таа во ЕУ.

-Имено за на граѓаните да им биде појасно, треба да знаат дека просекот на цената на електрична енергија во Република Македонија во последните три години е за 2,5 пати помала од просекот што го плаќаат граѓаните на земјите членки на ЕУ. Со други зборови, граѓаните во моментов плаќаат по 5 денари киловат час електрична енергија, додека граѓаните на Европската Унијата плаќаат околу 12,5 денари за киловат час. Што нема да биде случај доколку дојде до целосна либерализација на пазарот – коментира таа.

Според ВМРО-ДПМНЕ игрите на СДС со енергетиката и се добро познати на јавноста.

-Јавноста памети дека последниот пат кога СДС беше на власт ја направи фамозната зделка наречена „бомбона бизнис“, со што ја продаде државната ЕСМ и предизвика покачување на цената на електричната енергија, исто и тогаш како и сега, СДС велеше дека до покачување на струјата нема да дојде, што се испостави како една голема и сурова лага – рече Емилија Александрова и додаде:

Граѓаните  се прашуваат дали ЕЛЕМ е новиот „бомбона бизнис“? Владата на СДС треба да им одговори на граѓаните дали се вистинити гласините дека Заев по советите на Обрадовиќ ќе ја приватизира и државната ЕЛЕМ и со тоа ќе предизвика низа на покачувања на електричната енергија во наредниот период.

СДС повторно ги лаже граѓаните. СДС повторно се обидува да профитира на грбот на граѓаните. Владата на СДС треба да излезе и да објасни што точно планира?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top