| четврток, 6 декември 2018 |

Нов вторник, ново задолжување на расипничката влада

-Нов вторник, ново задолжување на расипничката влада. Денес министерот за задолжување Драган Тевдовски преку аукција на државни хартии од вредност не задолжи со нови 1.7 милијарди денари или над 27 милиони евра. Од нив околу 300 милиони денари се нов долг бидејќи се разликата од реализираната аукција и доспеаниот долг. Ново нето задолжување од нови 300 милиони денари – изјави на денешната пресконференција Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека иако Тевдовски од опозиција се залагаше за намалување на долгот, ова е осма аукција која ја организира откако стана министер а до крај на година планира уште 8 задолжувања.

-Тоа е успехот на СДС, својата неспособност да ја покрива со нов товар врз грбот на граѓаните. Иако СДС и нивните контролирани медиуми аукциите ги сметаа за расипништво, сега гледаме дека прават вакво расипништво секоја недела. Расипничката влада на СДС за три месеци потроши околу 350 милиони евра што по основ на аукции, што по основ на топење на 126 милиони евра девизните резерви. Народот не виде ни евро од овие пари. Безмилосното задолжување на СДС не донесе ниту нови градинки, ниту нови училишта, ниту нови болници, ниту нови патишта. Каде отидоа парите? Дали овие пари освен за плаќање дебели хонорари на шарени револуционери, кумашинци, твитерџии, или за луксузирање или можеби се планирани за безмилосно корумпирање на гласачите? Логично е ова стравување, бидејќи антиреформската влада на СДС со погрешните политики и антидржавните потези доволно направи да го сруши својот углед, па сега мора згора на се да се задолжува за да се вади непосредно пред изборите – изјави Цуклев и додаде:

Тоа нема да им помине. Граѓаните само за три месеци ја видоа целата нивна неспособност, негрижа и незнаење и свесни се дека ако вака продолжи СДС да работи прашање на време е кога ќе ни се случи грчко сценарио, економска катаклизма и распад во стопанството

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top