| четврток, 6 декември 2018 |

Падот на индустријата – потврда дека економијата не оди во добар правец

Падот на индустриското производство од 2,2% во јули во однос на јуни е потврда дека економијата не оди во добар правец, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по објавените нови бројки за индустријата од Заводот за статистика.

Вели дека тоа доаѓа последователно со падот на просечната плата во Македонија за 0,7% за истиот период, што укажува дека има сериозни ризици за назадување на економијата – намалување на платите, а со тоа и на индустријата, не одат во добар правец.

– Очигледно е дека владата има сериозен дефокус, дефокусирање од економијата, дека немаат доволен интерес да ги продолжат добрите трендови во економијата и големиот ангажман што претходната власт го имаше во правец на отворање на работни места, а за истите да се отворат потребни се многу активности, пред се помагање и носење на инвеститори и помагање на постојните инвеститори со разни мерки и активности да остварувваат подобри резултати. Очигледно е дека тие активности се запрени или се сериозно намалени и тоа веќе се изразува и преку официјалните податоци на Заводот за статистика, рече Груевски.

Груевски со апел до власта – да остане фокусирана на отворање нови работни места, еден од најголемите проблеми на граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на општина Гази Баба. Направи обиколка околу населбата Камник, каде се асфалтираат улици во должина од 3.000 метри, вредни речиси 21 милион денари.

Освен улиците кои беа оштетени од невремето, се асфалтираат и други за кои имало потреба, рече Груевски од селото Црешево, едно од местата кои беа погодени во минатогодишното невреме. Таму се асфалтирани и други помали пристапни патишта, кои беа целосно вон употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top