Менаџментот на АД ЕЛЕМ сака да ја информира јавноста дека во ниту еден момент не размислува за продавање на компанијата. Новото раководство работи единствено во правец ЕЛЕМ повторно да биде столб на енергетската и економската стабилност и независност на Македонија. Досегашниот увид кој е направен покажува дека во изминатите 11 години во компанијата се работело во спротивен правец, односно на ослабување на ЕЛЕМ и на целиот енергетски сектор – велат од Елем.
Според нив посебниот владин советник за економија и контакти со земјите од регионот, Александар Обрадовиќ, е должен да ги даде своите услуги на сите државни субјекти кои имаат потреба од одредена експертиза, за која конкретниот советник е ангажиран во владата.
-АД ЕЛЕМ се обрати до советникот Обрадовиќ за мислење за идни развојни проекти на компанијата, особено во делот на стратегии за обновливи извори на енергија – велат од Елем
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст