| четврток, 6 декември 2018 |

Приватната електронска пошта на вработените не може да се користи за отпуштање од работа

Европскиот суд за човекови права одлучи да го казнат следењето на приватната електронска пошта, кое се користи во постапка за отпуштање од работа.

Колку може работодавачот да оди во следењето на интернетот? Судиите на Големиот судски совет, највисоката инстанца на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, одлучи да го санкционира следењето на приватните електронски пораки што се користат во контекст на отпуштање од работа. Оваа одлука на 17-те судии од Големиот судски совет ќе претставува судска практика за сите 47 земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои и Македонија.

Богдан Михаи Барбулеску е 38-годишен романски инженер кој бил отпуштен од работа во 2007 година, откако неговиот работодавач ги следел неговите електронски комуникации, тврдејќи дека вработениот ја користел електронската пошта на компанијата за лични цели при што ги кршел внатрешните правила на компанијата.

Во Франција на пример, но исто така и во многу други земји, интернетот на компанијата им е достапен на вработените за нивните професионални активности, надзорот на конекциите им овозможува на работодавачите да ја заштитуваат нивната компанија од пиратерија на податоци, компјутерски вируси и забранети употреби.

Властите во Франција го конторлираат надгледувањето на интернетот, иако изгледа дека постои одредена „правна нејасност”. Интернетот мора да се користи на „разумен” начин, според (Националната комисија за информатика и слободи), што не го одредува времето колку еден вработен може да се посвети на тоа. Покрај тоа, оваа комисија го обврзува работодавачот да ја почитува тајноста на приватната електронска преписка. Работодавачот не може да пристапи до досиејата идентификувани како лични, без присуство на вработениот. Работодавачот мора да се потпре на судска одлука за да ја докаже вината, а прекршувањето на тајноста на овие дописи се смета за кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top