Mосковската полиција го приведе тинејџерот кој пукаше и фрли димни бомби во Ивантејевка, во московскиот регион, при што повреди четири лица, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.
Според првичните информации, во едно училиште во селото Ивантејевка, 15-годишен ученик фрлил димни бомби во училница и пукал во воздух, изјави портпаролот на руското МВР.
Тој информираше дека четири лица се хоспитализирани, пренесува ТАСС. Новинската агенција, повикувајќи се на полициски извори соопшти дека во инцидентот се повредени тројца ученици и еден наставник.
Во тек е истрага за инцидентот, а моментно полицијата го испитува ученикот. Учениците се евакуирани, а според одредени информации, тинејџерот поставил експлозив и сега одбива да каже каде го ставил.
Според една верзија, инцидентот се случил откако ученикот влегол во расправа со еден наставник, додека според друга, тој влегол во конфликт со соученици од класот.
Неименуван полициски извор навел дека тинејџерот подолго време се подготвувал за нападот, поставувајќи фотографии од оружја на своите профили на социјалните мрежи и напишал „Избришете го мојот живот“, со датум 5-ти септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст