| четврток, 6 декември 2018 |

Ивица Коневски и Коце Трајановски се сретнаа со граѓаните на населбата Лисиче (галерија)

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски заедно со Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, попладнево (4.9.2017 година) во трговскиот центар во населбата Лисиче имаа средба со жителите на оваа урбана заедница, на која разговараа за големиот број реализирани проекти во тој дел на општината, како и за проектите планирани за идниот период.

Средбата се одржа во пријатна атмосфера, при што повеќето стотици присутни Лисичани изразија големо задоволство од проектите што досега се реализирани во Лисиче, како и надеж дека и во иднина нивната населба ќе биде во фокусот на активностите на Општина Аеродром.

Имено, изминатите неколку години во населбата Лисиче се реконструираа и осветлија улиците „Гаврил Константиновиќ“, „Митре Влаот“, крак на „Мите Богоевски“, „Ѓуро Малешевац“, „Дете Татуличе“ и „Зборски“, се изгради и реконструира фекална канализација во должина од 560 метри, нова атмосферска мрежа, модерен парк на самиот влез на населбата, како и повеќенаменско спортско игралиште, а почна изградбата и на новиот објект на ОУ „Димитар Македонски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top