| четврток, 6 декември 2018 |

На Теута Арифи не ѝ е срам да се кандидира за втор мандат

Актуелната градоначалничка на Општина Тетово Теута Арифи најави дека повторно ќе се кандидира за функцијата.

Тетовчани во револт истурија контејнер пред општината, се бара оставка од Теута Арифи (Фото)

-Тоа е партиска работа и за тоа ќе се одлучи во партијата, изјави Арифи денеска при обиколката на тетовските училишта по повод почетокот на учебната година. На прашањето дали таа ќе  биде единствениот кандидат од редовите на ДУИ за градоначалник на Тетово, само кратко одговори: „Така изгледа“.

Депонијата во Тетово, ветувања, но не и дислокација

На Теута Арифи е градоначалник на Тетово веќе еден мандат. Три прашања беа исклучително значајни во нејзиниот мандат, а за кои постојано наидуваше на критики кај тетовци: изградбата на новиот водовод, расчистувањето на дивата депонија на влезот во градот и енормното загадување.

Илиевска: Во Тетово ни се случи балканска Хирошимa (Видео)

Таа денеска најави дека расчитувањето на депонијата е пред крај, наскоро се очекува и да стартува пречистителната станица, а со тоа и новиот водовод да стане функционален.

Теута Арифи го исуши Тетово, граѓаните немаат вода за пиење

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top