| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени за раце направија синџир и спасија човек, хуманоста од поплавите во Хјустон (Видео)

Ураганот Харви направи огромна штета и однесе со себе најмалку 50 животи.

Жителите на Тексас непрекинато се борат со поплавите кои природната катастрофа ги остави зад себе и принуди милиони жители да ги напуштат своите домови.

Фотографија, на која добродушни луѓе формираат човечки синџир за да спасат маж заробен во неговиот автомобил сред огромна поплава, ќе ви ја врати вербата во човештвото.

Случајни минувачи се сплотија за да му го спасат животот на повозрасниот маж кој беше во неволја.Човекот е спасен и е во добра здравствена состојба.

Постапката на неговите сограѓани, треба да биде поука за сите луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top