Приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин пак се најде во центарот на вниманието откако неговата наводна партнерка Алина Кабаева се појави со прстен на раката во Италија.
Гламурозната Алина Кабаева престојувала во јадранското одмаралиште Песаро на редок јавен настап откако е најавена како амбасадорка на Светскиот ритмички гимнастички шампионат.
Веќе 10 години се шпекулира дека 34-годишната Алина Кабаева е девојка на рускиот претседател. Само што стивнаа страстите, Алина се појави во јавноста и покренала лавина коментари, иако Кремљ упорно ги демантира наводите дека Алина е тајната прва дама на Русија.
Убавата Алина се појавила на еден настан во Италија во бел елегантен фустан носејќи на четвртиот прст на десната рака венчална бурма. Нејзиното појавување ги поттикна читателите на про-Кремљ весникот „Комсомолскаја правда“ да побара од разведениот Путин да го разјасни статусот на Алина Кабаева. Ова доаѓа и покрај непотврдените тврдења во Москва дека врската на Путин со ритмичката гимнастичарка е завршена и дека тој има друга тајна партнерка.
Алина ја покажа бурмата првпат пред три години на еден детски спортски настан во индустрискиот град Нижњекамск.
Иако Кремљ повеќепати ја демантираше нивната врска и ја нарекуваше „интернет вежба за избегнување на здодевноста“, факт е дека никој не знае кој е сопруг на Алина, ако тоа веќе не е Владимир Путин.
Американскиот таблоид „Њујорк пост“ уште пред две години објави дека Владимир Путин наводно има две малолетни деца со поранешната олимписка шампионка во гимнастика Алина.
Покрај тригодишниот син за кој пишуваа странските медиумите Путин има и ќерка. Во мај 2015 година се појавија фотографии од видно заоблената Алина што ги поттикна гласините дека повторно е бремена, и тоа од Путин. Гласините дека Алина забременила од Путин почнаа во јануари 2015 кога рускиот претседател се немаше појавено во јавноста повеќе од една недела. Тогаш беше објавено дека бил со Алина во Швајцарија и дека таа таму родила девојче. Путин, наводно Алина и двете деца, ги сместил во претседателскиот летниковец во Сочи, на брегот на Црното Море.
Рускиот весник „Московски кореспондент“ во 2008 година откри дека Путин тајно се свршил со Алина Кабаева, и дека таа би требало да се венча за Путин, што тој налутено го демантирал на конференција за новинари со италијанскиот пемиер Силвио Берлускони. Милијардерот Александар Лебедев, сопственикот на весникот, набрзо ја повлече приказната, а веднаш потоа весникот згасна.
Путин се разведе од сопругата Људмила во 2014 година. Со неа во бракот доби две ќерки. Оттогаш Алина неколкупати се има појавено во јавноста со венчален прстен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст