| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 16.000 граѓани ги провериле податоците во Избирачкиот список

Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) од 21 август до вчера (3 септември) увид во Избирачкиот список за локалните избори направиле 16.319 лица. Само вчера своите податоци во Избирачкиот список го провериле 2.021 лице.

Паралелено се одвива увидот во Избирачкиот список по електронски пат, преку апликацијата на веб-страната на Комисијата www.sec.mk. Избирачкиот список на увид на граѓаните ќе им биде достапен до 9 септември.

Минатата недела членовите на ДИК оценија дека се зголемува бројот на граѓани кои вршат увид во своите податоци во Избирачкиот список. Незначителен е и бројот на оние што побарале бришење или промена во податоците во Избирачкиот список.

Локалните избори се закажани за 15 октомври

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top