| четврток, 6 декември 2018 |

Дејли Мејл: Василије од Белград е најсексапилниот доктор на светот (Фото)

Пластичниот хирург Василије Вујовиќ (28) од Белград најпрво ја воодушеви својата домашна јавност, а набрзо потоа и британскиот Дејли Мејл, којшто го прогласи за најсексапилен доктор на светот.
Оваа ласкава, неофицијална титула дошла откако Василије го добил епитетот “најубав доктор во Србија”. А кога ќе ги погледнете неговите фотографии, за секунда ќе ви стане сосема јасно зошто се случило сето ова.

За „несреќа” на жените ширум светот, овој убав доктор е веќе зафатен и со својата сопруга има два сина. Но дека неспорно предизвикува огромно внимание дури и кај своите пациентки, Вујовиќ не крие, но на таквите реакции тој тврди дека никогаш не реагира.

Новинарите на Дејли Маил ги интересирало колку за еден млад и згоден естетски хирург како него е важен физичкиот изглед кај една жена. Василије пак порачал дека за припадничките на понежниот пол е најважно да не бидат агресивни, туку љубезни, интересни и духовити. Тој и истакнал нешто по што жените како таков веројатно уште повеќе ќе го обожуваат, а тоа е дека всушност убавината е во окото на надгледувачот.

#selfie #work #surgery #medicine #dr #vracamseuformu

A post shared by Vasilije Vujovic (@dr_vasilije_vujovic) on

Вујовиќ е прв доктор во своето семејство, а љубовта кон медицината ја негува уште од најмали нозе.

– Пластичната хирургија е широка област. Најважна е реконструктивната хирургија со којашто се отстрануваат одредени аномалии на телото, на пример последици од изгореници и рак на кожата, потенцира тој.

#plasticsurgery #work #nosejob #photoshoot

A post shared by Vasilije Vujovic (@dr_vasilije_vujovic) on

Тој успешно продолжува да се занимава со она што најмногу го сака, а интересот којшто го предизвикува поради својата убавина воопшто не стивнува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top