Коалицијата „За подобра Македонија“ веќе го поднесе по скратена постапка е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување, подготвен од колегата Панчо Минов, но поднесен од сите нас со кој што предлагаме драстично изменување во делот на Законот за извршување со што ќе се намалат превисоките трошоци за извршување кои што ги плаќаат граѓаните на Република Македонија, изјави денес на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
-Овој закон ќе се однесува на околу 300 илјади граѓани на Република Македонија со кои што ќе им помогнеме, сметките, процесите и предметите за сметките за струја, вода, телефон и други комунални услуги да не можат трошоците во процес на извршување и наградата која што ја добиваат извршителите и каматите кои што би ги платиле по овие сметки никако да не го надминуваат износот на главниот долг. На тој начин ќе се ограничат можностите на извршителите, на комуналните претпријатија и на другите понудувачи на јавни услуги преку процесите на извршување да симнуваат од сметките на граѓаните енормни средства. Ако овој закон Собранието на Република Македонија го донесе денеска, од денеска па натаму, ниту една сметка за извршување нема да може да го надминува главниот долг кои што го имаат граѓаните по основ на комунални услуги, додаде Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


