| четврток, 6 декември 2018 |

Тајните кои ги крие Хималајската сол

Хималајската сол е уште една состојка која ќе ви помогне да ги надминете здравствените проблеми.

Хималајската сол е богата со лековити минерали и испушта негативни јони во воздухот кои се споредени со течението на реката, пролетното ветре и грмотевиците. Постојат неколку продукти односно светилки и свеќи со хималајска сол кои се од голема помош за здравјето на човекот.

Кои работи треба да ги знаете пред да купите предмет со хималајска сол:

1.Пот

Светилките и свеќите можат да привлечат влага и од надворешната средина. Ако живеете во област со висока влажност, најдобро е да ги поставите овие предмети на повисока подлога или подебела ткаенина во случај кога се потите. Ако ги запалите, влагата најверојатно ќе се исуши пред да предизвика оштетување на масата.

2.Големина

Како и во повеќето случаеви големината прави разлика. Доколку поседувате помал простор на пример колку една канцеларија доволно е една сол светилка, а доколку имате поголем простор тогаш можете набавите повеќе светилки од иста големина и добро да ги распоредите низ просторот. Една светилка чини од 4 до 5 фунти.

3.Водата како најголем непријател на солта

Ако водата го допира овај минерален кристал, тој ќе се оштети и нема повеќе да ви биде од корист. За да ги одржувате чисти вашите декори од сол се што треба да користите е чиста, сува и мека крпа.

Ако живеете или работите во простор каде нема многу прозорци или го врвите вашето работно време во затворен простор, во ваша корист е да набавите од овие продукти бидејќи и тоа како вашето здравје ќе има корист. Исто така хималајската сол помага во несоница, бронхитис, настинки, ги лекува синусите и инфекции на увото, анксиозност и проблеми со кожата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top