| четврток, 6 декември 2018 |

Масовни отпуштања: Три големи странски компании ја напуштаат државата

Новата влада наследи шеесетина компании сериозно заинтересирани да отворат свои капацитети во Македонија и со тоа да обезбедат вкупно 25 илјади вработувања. Но, наместо вработувања, следува бран на отпуштања. Три големи меѓународни компаниии најавиле напуштање на државата незаводоволни од третманот на владата и селење на својот капитал во држави од овој регион.

Три месеци траеше периодот кој беше доволен големи странски корпорации незадоволни поради пасивноста и климата на непријателство која ја водеше Владата да ја напуштат државата и да го преселат капиталот.

Имено, од наши извори дознаваме дека корпорацииите ова прашање го издигнале на највисоко ниво меѓу бордот на директори во своите компании. Главна забелешка била тоа што Владата не само што прекинала комуникација на секое можно ниво, туку и со најавата за декласифицирање на државната помош која ја добиваат, најавите за повисоки даноци, запоставувањето на странскиот капитал и немањето на волја да се излезе во пресрет на основни барања на странските инвеститори кои во моментот вработуваат околу 2 илјади луѓе, бордовите на директори на овие компании се пред одлука за напуштање на државата и селење на капиталот.

Две од компаниите се од автомобилската индустрија и доаѓаат надвор од Европа, а третатата компанија е од технолошката индустрија и е со Европски капитал. Тие се дисперзирани во Скопје и во градови во внатрешноста.

2.000 илјади луѓе е многу веројатно да останат без работа.

Имаме огромни забелешки на односот на владата, со која речиси и немаме никаков контакт, на било кое ниво. Нам ни е жал, но доколку продолжат вака работите, ние со сигурност ќе ја напуштиме државата до крајот на годината. За таа цел веќе започнавме разговори со повеќе држави од соседството и регионот, изјавува еден од менаџерите на компаниите кои се пред одлука да се селат.

Менаџер на друга компанија вели:

Еве на пример мојата компанија не користи државна помош, но и да користи, тоа не е главната пречка и тоа не е главниот фактор поради која компаниите инвестираат. Најавуваат зголемени даноци, тоа ќе биде катастрофално за сите компании, и домашни и странски. Познавам и други раководители на странски компании во државава кои сакаат да си заминат доколку продолжи ваквиот однос. Мојата компанија вработува над 400 луѓе, сите се добри работници, ќе ми биде жал, но ние сме пред одлука за селење.

Покрај тоа што овие три компании се пред одлука за затворање на капацитетите, она што е познато дека и голем број на други компании се откажале од разговори со владата за идно инвестирање. Една американска компанија донела дефинитивна одлука да прекине разговори со владата на Заев, и својата инвестиција да ја пренасочи кон Србија. Се работи за инвестиција која во Македонија ќе обезбедеше 1.500 вработувања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изрази загриженост дека сето ова ќе биде упропастено и ја постави дилемата дали воопшти сака Владата странски инвестиции.

Ако до неодамна се прашував дали во новата влада знаат да привлекуваат странски инвеститори, сега се повеќе се прашувам дали всушност сакаат. Дали можеби некому не му одговара нови фабрики кои нудат повисоки плати за да превземат дел од најдобрите од постоечките фирми, кои или ќе треба да ги качат платите или да ги загубат подобрите вработени, изјави Груевски.

Тој посочи дека ваквата стагнација ја чини и допрва ќе ја чини државата и граѓаните. Странските инвестиции беа локомотива на македонската економија и стимулативен елемент на домашното стопанство и компании кои соработуваат со овие странски инвестиции. Ваквото економско мртвило неминовно ќе доведе до опаѓање на општата економска активност, но и можност за бркање на посточеки инвеститори, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top