Уште денеска независните кандидати за советници и градоначалници имаат време да собираат потписи за листите, додека наспроти нив политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9 септември.
9 септември е и датумот до кога ќе трае увидот во избирачкиот список, а 15 октомври граѓаните ќе избираат градоначалник.
Со изборна кампања партиите ќе почнат на 25 септември и истата ќе трае до 13 октомври.
Вториот круг за локални избори е 29 октомври, а кампањата за него ќе трае до 27 октомври на полноќ.
Ждрепката за утврдување на редослед на кандидатите на гласачко ливче ќе се изврши најдоцна до 18 септември, а набљудувачите треба да се акредитираат најдоцна до 4 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст