Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне 12. седница на која на дневен ред се повеќе одлуки и закони, меѓу кои Предлогот за огласување на именување на Јавен обвинител на Република Македонија и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието.
Предлогот за објавување оглас за именување јавен обвинител до Собранието го достави Владата, по разрешувањето на Марко Зврлески од 17 август.
Согласно член 41 од Законот за јавно обвинителство, Собранието на Република Македонија по предлог на Владата, го огласува именувањето на јавниот обвинител на РМ во „Службен весник на Република Македонија” и во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 процента од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот во „Службен весник”.
Советот на јавни обвинители, пак, има рок од 15 дена од денот на прием на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.
Потоа постапката продолжува во Владата која на седница ги разгледува кандидатурите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот. Потоа одлуката оди во Собрание како Предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас.
На оваа седница на дневен ред е и Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието која ја предложи парламентарниот спикер Талат Џафери и со неа се предвидува Парламентот наместо три како досега да има петмина потпретседатели.
Предлогот еднаш веќе беше повлечен од дневен ред од собраниска седница по несогласувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници, пак, за возврат се откажаа од дебатите за разрешувањето на Марко Зврлески.
Џафери ја поднесе Предлог-одлуката повикувајќи се на Законот за Собрание и на Деловникот за работа на Собранието.
Пратениците на 12. седница ќе се изјаснат и за пакетот закони по скратена постапка кои ги поднесоа пратениците од владејачкото мнозинство, а кои ги вклучуваат измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, Предлог на закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата и измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.
На дневен ред на оваа седница е и ратификација на Спогодбата за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија, измените на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, измените и дополнувањата на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници, двата во прво читање, Предлог на закон за ратификација на Договорот од Париз и измените на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, по скратена постапка и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст