Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за финансирање и буџет.
На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог-закон за ратификација на Спогодбата за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската унија.
Членовите на Комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство, ќе го разгледуваат Предлог-законот за дополнување на Законот за водостопанство, во прво читање, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата на Комисијата за финансирање и буџет ќе се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници, и Предлог-законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, двата во прво читање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст