| четврток, 6 декември 2018 |

Оливер Драгоевиќ проговори за тешката болест

Пред еден месец на Оливер Драгоевиќ му е откриен тумор на белите дробови, а пејачот штом дознал за тешката болест започнал со хемотерапија. Така за хрватските медиуми не сакал премногу да зборува за својата болест, но за српските открил повеќе детали.

-Лежам, гледам телевизија, така сега изгледаат моите денови. Добро сум, одам понатаму. Морам да туркам понатаму. Ќе видиме како ќе помне втората хемотерапија. Се е уште е многу неизвесно и не се знае што ќе биде, изјавил за Блиц Оливер.

-Како на сите луѓе, енергијата ми е нормална, не се плашам. Болест е болест, секој страда на свој начин и се бори да опстане и датурка понатаму, рекол во разговорот со новинарите. Времето го поминува со сопругата Весна во семејниот дом, а признал дека тешко му паѓа интересот на јавноста за неговата здравствена состојба.

-Не знам зошто јавноста толку ја интересира мојата здравствена состојба. Имам некој живот кој е приватен и така сакам да остане, но тоа веќе не е приватно, бидејќи толку се пишува за мојата болест. Што ќе им се на луѓето толку информации за мене, сепак на сите им благодарам за грижата, но она што сега ми треба е мир, додал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top