Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната прес конференција наброја над 50 странски компании со кои се преговарало за да инвестираат во Македонија, а на крајот на своето обраќање тој порача дека не треба целиот тој труд да биде залуден и дека овие инвестиции треба да се финишираат.
– Државата нема време за губење, а реализацијата на овие инвестиции ќе значи најмалку дуплирање на досегашната заработка на многу домашни компании и зголемување на извозот на државата што значи повеќе пари во буџетот. Новата влада согласно распределбата на ресори влидливо го има занемарено сегментот на странски инвестиции. Јас во овој момент не препознавам тим кој може, ниту пак сака да направи значителен исчекор напред, што не е добро за државата. Апелирам овие инвестиции и разговорите околу нив да се финишираат. Секоја успешна инвестиција значи нова надеж и сигурна иднина за многу граѓани.
– Ова е концепт кој е граден со години и кој даде резултати. Тоа е работа која носи подобро. И не треба да се напушти поради политичка малиционост и тесноградост. Штетите кои би се направиле би биле несогледливи за македонската економија, заврши тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии