
Народно движење за Македонија најостро реагира на двојните аршини на премиерот Зоран Заев при неговата посета на Арачиново по повод верскиот празник Курбан Бајрам.
За НДМ и народот е неприфатливо Заев на сред село во Арачиново да им порача на Албанците дека дојде животот за нив оти владата ќе им изгради канализација, школо, градиники… а од друга страна да не вети и гарантира враќање на раселените Македонци во Арачиново.
НДМ го потсетува Заев дека 16 години по војната се уште има 766 внатрешно раселени Македонци од Арачиново, еден од симболите на војната, каде во летото 2001 се водеа жестоки борби меѓу македоснките бранители и ОНА.
„Премиерот Заев нема мандат за Албанците да биде мајка, а за Македонците маќеа и затоа не смее да заборави дека во моментот нема ниту едно раселено албанско семејство во Македонија, додека македонски семејства и по 16 години од рамковниот договор се уште се раселени во својата матична татковина. Оттука, двојните аршини на премиерот Заев во Арачиново ќе може да се надминат само со враќање на раселените Македонци на своите вековни огништа во Арачиново“, се вели во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


