| четврток, 6 декември 2018 |

Катица Ќулавкова: Повторувам, Законот за јазици е вон Уставот

И јас имав свои забелешки сега и потемелна анализа, ама, за жал, не се бара мислење од стручната јавност. Повторувам овој Закон е вон Уставот на Република Македонија – пишува академик Катица Ќулавкова на својот твитер профил.

Таа реагира измените во Законот за јазици, за кои владата на СДСМ не ја консултира стручната фела. За истото реагираше и професорката од Институтот за македонски јазик д-р Елка Јачева- Улчар која преку Фејсбук напиша дека во недостиг на јавна и на стручна дебата во врска со Законот за јазиците,  јавно ги прашува нашите и странските политичари, независно од нивната националност: во која држава на ЕУ постои билингвалност на целата територија во услови на непостоење РЕАЛНА билингвалност на 2/3 од територијата на истата таа унитарна држава?

Професорката Јачева- Улчар ги потврдува пишувањата на Република – лагите и притисоците од социјалдемократите за Законот за двојазичност

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top