| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон: Своевремено не знаев дали нашиот брак ќе успее

Во САД излегува книгата на Хилари Клинтон “Што се случи?”. Во неа таа раскажува не само за поразот од Доналд Трамп на претседателските избори минатата година, но и за “темните денови” од бракот со Бил Клинтон.

„Ние дефинитивно имавме „темни денови“. Тогаш не бев убедена дали нашиот брак воопшто ќе преживее“, наведуваат дел од книгата, голем број западни медиуми.

Јасно е дека Хилари го има предвид сексуалниот скандал на Клинтон со Моника Левински, иако името на Моника не се споменува.

„Вие и без тоа знаете сè за нив“, смирено признава Хилари. За овој скандал навистина се знае сè: во 1998 година медиумите беа критикувани од општеството за прекумерното покривање на сите детали на скандалот.

Хилари сепак пишува дека одлучила да остане со својот сопруг и да му го прости брачното неверство, бидејќи „сè уште го сакала“.

Оваа година двојката ќе слави 42 години семеен живот. Хилари и Бил се запознале во 1973 година, кога студирале заедно универзитетот Јел. По две години тие станаа семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top