
Владата СДС и Зоран Заев и нивното парламентарното мнозинство во иминатите деведесетина дена наместо да се посветат за започнување и реализирање на реални проекти на граѓаните и подобрување на нивниот животен стандард, го потрошија времето на вдомување на партиски послушници, шарени револуционери, на набавка на цвеќиња по министерски кабинети,набавка на апетисани и службени патувања низ светот, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
-Доколку владата на СДС и нивното парламентарно мнозинтво навистина се грижеше, за унапредувањето квалитетот на животот на граѓаните, ќе ги прифатеше предлог-законите кои ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе како амандмани,а не истите едногласно да ги одбие. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако се опозиција во Собранието на Република Македонија имаат поднесено низа на законски решенија кои што произлегуват од релните потреби на граѓаните, но секако СДСМ и тогаш и сега не најде сила и храброст да покаже конструктивност и да дозволи разгледување на овие закони. Доколку СДС И Зоран Заев навистина се грижеа,за лицата со ниски социјални примања, немаше да ги укинат бесплатните елаборати за легализација на нивните домови, кои ги изработуваше катастарот, истакнаа од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ вели дека ако СДС и Зоран Заев навистина се грижеа за вработените,ќе им обезбедеа минимална плата од 16 000 денари, онака како што ветуваа пред изборите.
-Поради неспособноста и лагите на СДС, со поплитки џебови,ќе останат и вработените, во државната администрација кои нема да ги добијаат ветение 5% покачување на плата, ниту пак пензионерите ќе добијат 5 %, покачување на пензиите.Граѓаните во изминатите деведесетина дена наместо повеќе пари во семејните буџети,како што ветуваше СДС, наместо да имаат подебел паричник,видоа само стагнирање на економијата,пад на просечната плата за 0,7%, пад на странските директни странски инвестиции за 100 милиони евра и пад на индустриското производство за 2,2%. СДС,се прочитана приказна,граѓаните ќе им кажат ,,Не” на нивните лаги и манипулации и антидржавни политики на предстојните локални избори, каде убедливо ќе бидат поразени, потенцираа од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


