
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а две со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи денеска во 10.15 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај месноста викана „Чешмиче“.
Поради сообраќајката, патниот правец Куманово – Крива Паланка сеуште е во прекин, и возилата се уште се пренасочуваат кон стариот пат.
Според информациите на МВР, во несреќата учествувале возила „тојота“ со косовски регистарски ознаки управувано од С.Ф и „рено меган со паланечки регистарски таблички управувана од 52 годишниот И.С,а со кој се превезувале С.С (46) и А.С (19).
Од кумановското одделение за хирургија информираат дека две лица се префрлени во Скопје, а едно лице по укажаната помош, е пуштено на домашно лекување.
-Две лица од денешната сообраќајна несреќа се здобиле со тешки телесни повреди, но се надвор од животна опасност и префрлени се за понатамошно лекување во Скопје, а две лица се здобиле со телесни повреди. Едното лице е пуштено на домашно лекување, изјави, началникот на одделението за хирургија, д-р Методија Димковски.
Едното возило е отстрането од патот, а второто се уште е на магистралниот пат.
СВР Куманово по завршување на увидот ќе преземе соодветни мерки за утврдување на причината за настанување на сообраќајната несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


