
Македонија повеќе не е прва во светот по бројот на креирање нови работни места. Според последниот извештај на “Global Location Trends 2016 Annual Report”, објавен во месец Август 2017 од страна на “IBM Institute for Business Value” земјава бележи пад од две места.
Две години по ред Македонија беше прворангирана, убедливо видеше напред сите останати земји во регионот, Европа и светот. Овој извештај се однесува на нови работни места од директни странски инвестиции по глава на жител. Сега пред Македонија се Србија и Бахарин.

36 милиони евра помалку од странски инвестиции
Очекуван е падот на нови работни места. Статистиката вели дека странските директни инвестиции достигнале 160 милиони евра во првите пет месеци од годинава што е за 36 милиони евра помалку во однос на истиот период лани. Според најновите податоци на Народната Банка (НБРМ) најмногу пари влегле во февруари и март (50 односно 64 милиони евра). Минатата година Македонија ја заврши со вкупни директни странски инвестиции од 358 милиони евра.
Пад и на просечната плата во Македонија
Статистиката покажува и пад на просечната плата во Република Македонија. Државниот завод за статистика излезе со податок дека има намалување на бруто и нето платата во јуни во однос на мај. Ова е прво намалување на бруто и нето платата на месечно ниво по подолг период.

Нето платата во јуни во однос на мај 2017-та е намалена за 0.4 отсто, односно за 0.7 отсто ако се земе реалната нето плата со вкалкулирани трошоци за живот. Така ако во мај просечната нето плата изнесувала 22.889 денари во јуни истата изнесувала 22.808 денари. И кај просечната бруто плата има месечно намалување за 0,4% или 0,7% кај реалната бруто плата. Така ако просечната бруто плата изнесувала 33.640 денари во мај, во јуни таа е намалена на 33.509 денари.
Пад на индустриското производство

Статистиката покажува и пад на индустриското производство. Според податоците на Државниот завод за статистика индустриското производство во јули 2017 година се намалило за 2,2 отсто во однос на јули 2016 година. Гледано по сектори, рударството и вадењето камен бележи опаѓање од 3,4 отсто, секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 2,1 отсто.
– Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: производство на облека, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и производство на машини и уреди, неспоменати на друго место – соопшти ДЗС.
Расте државниот долг
Наспроти ова расте државниот долг. Во изминатите неполни три месеци од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии се подигнати 334 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција објави дека дека државниот долг во изминатите 3 месеци вртоглаво расте благодарение на, како што велат, расипничкото работење на новата влада.
-Граѓаните не можеа да си објаснат каде испарија над 350 милиони евра од државната каса но, полека сваќаме дека овие пари се трошеле за непотизам, исплаќање на стари долгови на Заев и партиски вработување на несоодветни партиски кадри – обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


