Граѓаните не се задоволни од досегашната работа на новата Влада – покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“. Според резултатите, повеќе од половина од испитаните граѓани, 52.1.процент, одговориле дека не се задоволни од досегашната работа на новата Влада.

20.9. проценти сметаат дека неспособноста е главната карактеристика на новиот тим на „Илинденска“, додека за 15.3 проценти од анкетираните тие ја продале државата.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ води и во однос на партискиот рејтинг и довербата која ја има кај граѓаните. На претстојните локални избори, 37.8 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, додека 18.8. за СДСМ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски останува лидер на партија со најголема доверба кај народот. 27.2 проценти се изјасниле дека најмногу доверба имаат во него, додека на Заев му веруваат 15.6 отсто од испитаните граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


