Додека во Македонија просечната плата за само три месеци се намали за 0.7 проценти под раководството на државата од СДС кумот на генералниот секретар на влада Рашковски зема 25 илјади денари надоместок за само еден ден работа. Пари кои му се исплаќаат од државната каса од џебот на граѓаните, истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека државниот долг во изминатите 3 месеци вртоглаво расте благодарение на расипничкото работење на новата влада. Граѓаните не можеа да си објаснат каде испарија над 350 милиони евра од државната каса но, полека сваќаме дека овие пари се трошеле за непотизам, исплаќање на стари долгови на Заев и партиски вработување на несоодветни партиски кадри.
-Со фактурата со сериски број 053-11 од 2017 година на кумот на Рашковски од државната каса се исплатени 25 000 денари. Исплата за присуство на адвокатската фирма на кумот на Драги Рашковски, Костиќ на само една конститутивната седница на управниот одбор на Јасен ги чинела граѓаните над 10 500 денари. Ова е еклатантен пример на кражба на народните пари бидејќи воопшто не постои причина за присуство на адвокатска канцеларија таму, вели Костовски.
-Уште колку вакви фактури ќе се исплаќаат на партиски војници, роднини на функционери, револуционери и слични партиски потрчковци од државната каса, од џебот на граѓаните пред македонската економија да биде доведена до колапс. Уште колку милиони денари планира новата влада да потроши залудно за исплатата на долговите на Заев, уште колку капитални проекти ќе бидат запрени, уште колку училишта, градинки, болници нема никогаш да се изградат за да тој може да ги вработува своите потрчковци. 15 октомври е денот од кој што СДС се плаши, 15 октомври ќе биде денот кога граѓаните ќе ја казнат владата на СДС за нивната неспособност, партизација на институциите, расипничко трошење и селективна правда. Делегитимирањето на Заев и целата влада на СДС на локалните избори на нивните во најмала рака дискутабилни политики и матни зделки ќе доведе до предвремени парламентарни избори на кој народот ќе врати државата на правиот пат на чело со ВМРО-ДПМНЕ, истакнува Костовски.
СДСМ реагираше:
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што Владата предводена од СДСМ работи домаќински, одговорно и што првпат после 2008 година го намали јавниот долг што го оставија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледен е, додава СДСМ, и стравот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од извесниот пораз на локалните избори, кога граѓаните ќе стават крај на коруптивното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво.
Според СДСМ, „не постои порасипничко трошење на парите на граѓаните од она, се истакнува во реакцијата, што ВМРО-ДПМНЕ го правеа 11 години кога буџетските пари се трошеле на скапи ручеци и вечери, претплатени споменици, врби, палми и панорамски тркала, додека државата тонеше во долгови, а околу 180.000 граѓани егзистираа со по 40 денари дневно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


