| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе лица повредени во сообраќајката на патот Крива Паланка-Куманово

Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила се случи утринава на патот Крива Паланка-Куманово, кај местото викано Чешмиче. Од полицијата информираат дека нивни екипи се на терен и вршат увид по што ќе бидат познати повеќе детали.

Неофицијално, во несреќата повредени се четири лица, но засега нема подетални информации. Сообраќајот е во прекин во двата правци, а возилата се пренасочуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top