| четврток, 6 декември 2018 |

Инфомакс: Таравари се заканувал на вработените во министерството и клиниките дека „ќе летаат глави“ ако протече уште една информација!

Обидите за заташкување на трагичните случаи во кои починаа 11 бебиња за 10 дена, немаа ефект, а ПР тимот на Арбен Таравари бил прв на удар. Според Инфомакс Таравари бил лут и на новата директорка во медицинскиот центар во Охрид, бидејќи дозволила информацијата за малата Анастасија да протече во јавноста, што предизвикало сериозен удар на неговиот рејтинг.

Неофицијално, пишува Инфомакс, Таравари и новата директорка имале вжештен телефонски разговор, во кој што се заканувал дека ако протече уште една информација ќе ги брка од работа. Во меѓувреме, Таравари отворил и интерни истраги за да се пронајде „молецот“ кој ги издавал информациите.

Инфомакс тврди дека истото се случувало и на скопските клиники, каде што со закани се обидувал да ги заплаши и запре сите оние кои ќе ја информираат јавноста за недоследностите и хаосот кој се случува во здравството.

Дополнително, како што неофицијално дознава порталот Инфомакс, Таравари на свој близок соработник му се доверил дека „киксот“ со трите бебиња во тетовско ги чинел 100.000 евра, кои наводно биле исплатени на семејството со барање да молчат и случајот да не го експонираат медиумски.

Претходно, се заканил и на ПР тимот кој го води фејсбук, писателот Коста Петров, со зборовите дека „ќе летаат глави“ ако протече информација за уште едно починато дете. Според Инфомакс, Таравари Зборувал дека „тој Коста“ земал многу пари, давал глупави идеи, а во јавноста Таравари веќе е етаблиран како неспособен министер. Според Таравари, неофицијално дознава Инфомакс, идејата за промоција на тројазичните табли била токму на Петров со образложение дека „Албанците не се разбирале многу“, па на тој начин ќе се префрлело вниманието од родилката и трите бебиња, а ќе се зборувало за таблите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top