Секој граѓанин на нашата земја мора секогаш со себе да има државно знаме. Во багажот покрај резервното тркало и кутијата за прва помош треба да се држи торбичка од лесно најлонско платно, за секој случај.
Ако одите на фудбалски натпревар на Хајдук или на концерт на Марко Перовиќ Томсон, ако со керамиди ја покривате семејната куќа или ако ја мажите ќерката, се буните за ниски откупни цени на пченицата, или ако одите да се самозапалите на Марков плоштад, едвај е можно да се набројат сите прилики во кои сигурно ви треба хрватското знаме.
Кога Жучо ќе запее…
Сите бесправно изградени објекти на Чиова имаат по неколку знамиња, ако не дај Боже дојдат багерите од Министерство за градежништво, во сиромашната шестокатница, инвеститорот, неговата жена и нивните три деца, нивната баба и кучето Жучо, сите со ред во дворот да се покријат со знамето со нашиот историски грб и да запејат: „Ој, хрватска мати, немој туговати” за да ја надвикаат тешката градежна машина.
Нашите луѓе толку сакаат да го носат државното знаме што всушност е чудно како никој до сега не се сети да го сошие како пелерина со дупки за ракавите, или да направи лесна јакна, непропустлив шушкавец кога ќе заврне дожд на концертот на Томсон, на Хајдуковиот натпревар, бранителски протести или во борба на бикови во Радошиќ. Можеби може да се стави и постава за зимските денови: од една страна црвено-бело-сино, од другата јагнешко крзно.
Секако, нас ни требаат многу знамиња. Нашиот народ ги троши во неверојатни количини. Знамињата бледеат изложени на атмосферски влијанија или се кинат на јарбол, или виорејќи се на автомобилите во свадбените поворки, а не е реткост и жените невнимателно да ги исперат на висока температура па сите бои да се измешаат, далматинските лавови во машина за перење се вријат со истарска коза и славонска куна како јунешкото и овчото во босанскиот лонец и на крај од препознатливиот Шутејев дезен доаѓа грда бледолилакова крпа.
По сето ова наброено, верувам дека не треба дополнително да се објаснува зошто Министерството за бранителите купува 20.000 знамиња, а Милан Бандиќ во јули зема 3.000 и неодамна распиша за уште 14.000. Се што ќе се земе, за час го снемува.
Хрватското знаме е како помфрит, од него никогаш не е доста. Загрепскиот градоначалник секоја бандера за осветлување наумил да ја закити со две тробојници, како што вели поради „јакнење на патриотизмот на загрепчаните и едукација повеќе да ја сакаат земјата”. Да не беше Бандиќ, не е претерано да се каже дека жителите на главниот град воопшто не би ја сакале својата земја. Јадни, веројатно не би ни знаеле каде живеат. Би скитале по улиците не сфаќајќи ништо.
Казахстан? Туркменистан?
„Ма, да не е ова случајно Казахстан?” – би се двоумел некој маж, гледајќи наоколу по рушевините на многу места.
„Не знам, мене некако повеќе ми личи на Туркменистан” – би предложила неговата жена, гледајќи ги дупките на асфалтот. „Или можеби на Таџикистан?”.
„Мамо! Тато! Гледајте!” – би повикало нивното дете, возбудено со прст покажувајќи на знамињата на некоја канделабра. „Тоа е Хрватска!”.
„Ооо, да! Татковината! Држава за која сонуваа генерации! За чија слобода илјадници наши најдобри синови ги дадоа своите животи!” – би извикал мажот со солзи во очите, па сите тројца потоа би клекнале и би почнале страсно да го бакнуваат правливиот плочник.
Навистина, што би останало од нашиот хрватски идентитет ако загрепскиот градоначалник не не поучи кои сме и што сме? Кој би знаел за Вуковар, кој би ја пеел „Лијепа наша”, кој ќе го чита Матош, кој за Велики петок би се сетил да направи бакалар и на Божик да замеси фритули ако не е Милан Бандиќ?
Ако е за јакнење на патриотизмот, ќе купиме на 20.000 туку 200 милиони хрватски знамиња. За знамињата ниту една цена не е превисока. Ќе порачаме толку многу што Кинезите ќе паѓаат од замор шиејќи ги, цела Индија ќе спојува црвени, бели и сини парчиња, вештите рачиња на пакистанските деца ќе извезат безброј наши историски грбови, во цел свет ќе се прави се она што шнајдерките од загрепските „Каменско” и „Нада Димиќ”, од сплитската „Узор”, осијечката „Свилана”, „Памучната индустрија” од Дуга Реса, „Пионирка” од Имотско и многу други хрватски текстилни фабрики од понзатите, многу патриотски причини, веќе некое време не работат.
Слободна Далмација – Сплит
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст