| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС врши рекет врз фирмите

„Владата на СДС врши репресија и притисок врз фирмите. Народски кажано, уцени и рекет. СДС ги злоупотребува инспекциските служби на државата за свои партиски цели. Неполни недела дена од затворањето култните локали „Палма“ и „Тренд“ во Аеродром, Инспекцијата под команда на Сања Лукаревска и нејзиниот пријател Стефан Богоев, го затвори и познатиот локал „Броз Кафе“. Ова е класичен удар врз фирмите и угостителите, и е пример за политичка тортура“, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Заев се плаши од граѓаните и знае дека на претстојните локални избори ќе претрпи тежок пораз, особено во Скопје. „Токму затоа е во паника и влече вакви насилнички потези, каде бизнисот е тој што страда. СДС во изборната програма лажеше дека превенцијата ќе биде темелот на казнената политика и дека инспекциските служби нема да се користат за репресија и притисок врз фирмите. СДС вети, СДС излажа. Само три месеци по доаѓањето на власт, СДС покажува како има намера да ја води Република Македонија, со притисоци, закани и заплашувања. СДС нема идеја како да ја крене економијата и сега почнува фазата на изживување врз бизнисот. Заев и сегашните министри одеа низ градовите ширум Македонија, велејќи дека бизнисот мора да се олабави од контролите, инспекциите и казните. Сега го гледаме спротивното. СДС гледа на државните служби како средство за остварување на своите партиски хирови. СДС ги злоупотребува институциите и врши притисок врз секој еден кој не размислува како нив“, вели Андоновски.

Тој додава дека инспекциите не се и не смеат да бидат средства за тортура врз бизнисот, инспекциите мора да работат исклучиво врз база на законот, и никако поинаку. „Секоја незаконска постапка и политички прогон по наредба на Заев или другарката на Богоев, Лукаревска ќе биде ревидирана со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија“, вели Андоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top