| четврток, 6 декември 2018 |

Виршли без месо, детска храна без зеленчук – што јадеме и колку плаќаме?

Скандалозното однесување на прехранбените компании кои имаат различни аршини за ист производ наменет за германски или за хрватски пазар го потврдила анализата која деновиве ги шокираше хрватските потрошувачи а во која со физичко-хемиски анализи и со споредба на квалитет е покажано дека Хрватите за некои производи плаќаат и двојно поскапо а добиваат многу послаб квалитет. Ова прво вакво истражување во Хрватска како нова земја членка на Унијата која го спроведува европски претставник  во парламентот Билјана Борзан.

Анализите за сите производи се правени во врвни Хрватски лаборатории, а по добивањето на резултатите агенцијата за храна на Хрватска пандан на нашата агенција за храна собрала тим од експерти да го донесат заклучоците.

Во нив стои дека виршлите „Вуди“ имаат голема разлика во составот на месо дури кај оние во маркетите во Хрватска употребната категорија месо според европските закони воопшто не е месо а се 37% поскапи.

Исто така голем разлика е констатирана кај „Хип“ детските кашички со био-ориз и морков со мисиркино месо иако се произведува од иста фабрика во Германија. Оној производ за германски пазар има 38% морков и компир со 15% ориз што е повеќе зеленчук од ориз додека производот на хрватските полици има 24% и тоа само морков со 21% ориз.

Оваа разлика е особено значајна бидејќи се работи за храна за деца а производот е 54% поскап во Хрватска. Нутелата произведена за хрватски пазар содржи сурутка во прав и помал процент на обезмастено млеко додека во Германија е само од обезмастено млеко а хрватската е послатка има вкус на какао додека германската е потемна и со вкус на лешник. Во хрватска овој производ е 28% поскап .

Милка чоколадите со алпско млеко и цели лешници во Германија се прават со еден емилгатор додека за хрватскиот пазар е со два емулгатора каде покрај соја лецитин се користи и Е476 кој се користи во производството на чоколади како замена за какао. За германски пазар производството е во Германија за хрватски е во Бугарија. Кај кока-колата е откриена мала разлика во шеќерот. Германската е со сахароза додека хрватската е со глукозно фруктозен сируп.

По ваквите сознанија организацијата за потрошувачи на Македонија со став дека тие не се зачудени и дека ова е само уште една потврда за тоа што и тие го бараат а тоа е да има ист квалитет секаде за да не се губи довербата кај потрошувачите.

Извор: Канал5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top