„Денешното соопштение на СДС е само потврда дека тие се решени по секоја цена да го правдаат неспособниот министер за здравство, Таравари кој при готов проект, обезбедени средства и договорен изведувач, три месеци не отпочнува со изградба на современиот комплекс на новиот клинички центар Мајка Тереза. Тие се обидуваат да правдаат нешто што не се брани. Тоа говори дека неспособноста, неработењето и негрижата им се заедничка особина“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес – конференцијата на Дафина Стојаноска.
Според партијата, еден проект кој подолг период прецизно се изготвуваше со меѓународни партнери, странски консултантски куќи и со финансии обезбедени од европска банка, сега СДС го блокира. Типично за нивната деструктивна политика. Тие од политичка омраза се подготвени да стопираат еден капитален проект во здравството кој треба да ја подобри здравствената услуга и да го издигне здравствениот систем во Македонија.
„СДС со ниту една манипулација не може да го покрие хаосот кој го прави во здравството. СДС успеа за три месеци да го уназади здравството за три години. Секој ден се слуша во јавноста за жртви, скандали, пропусти и катастрофална кадровска политика. За жал како и не градењето на новиот клинички центар, така и другите пропусти нема да наштетат на ВМРО-ДПМНЕ, туку на пациентите. Граѓаните го гледаат целото незнаење на новата власт и тоа ќе предизвика несогледливи последици, како по животот, така и по здравјето на граѓаните“, се вели во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст