| четврток, 6 декември 2018 |

Мексико е петтата репрезентација која обезбеди пласман на Мундијалот во Русија

Фудбалската репрезентација на Мексико утрово со победа над Панама од 1-0 и официјално го обезбеди учеството на Светското првенство 2018. година во Русија.

Единствениот гол на средбата беше дело на 22-годишниот играч на холандски ПСВ, Хирвинг Лозано во 53. минута од средбата. Мексико со оваа победа, на три кола пред крајот на квалификациите го осигура својот пласман на завршницата од уште еден Мундијал.

Мексико е петта репрезентација која ќе биде дел од СП во Русија. Освен домаќинот Русија, претходно својот настап на Мундијалот го осигураа Бразил, Иран и Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top