| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен гевгеличанец: Ги истепал своите две деца со стап, па ги заклучил во подрум

Д.И. (42) од Гевгелија синоќа бил приведен од полицијата откако бил пријавен дека физички нападнал и потоа ги заклучил во подрумска просторија своите две малолетни деца.  МВР соопшти дека таткото на децата со стап им нанел видливи телесни повреди.

Од страна на униформирани полициски службеници  извршено е алкотестирање над Д.И., при што е констатирано присуство на алкохол од 1,77 промили и истиот е задржан во полициската станица во Гевгелија, а децата се згрижени од страна на социјални работници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Гевгелија.

Полициската станица Гевгелија презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top