Еден од потпретседателите на СДСМ, штипјанецот Благој Бочварски на својот Фејсбук профил соопшти дека тој ќе биде кандидатот за градоначалник на Штип.
Тој е пратениик на СДСМ и еден од потпреседателите на партијата и член на Централниот одбор.
„Анализите се направени. Целта е победа во центарот на истокот. Мојот предизвик е да ги обединам сите граѓани, без разлика на партиската и етничката припадност, леви, десни, центар, Македонци, Турци, Роми и Власи, христијани и муслимани. Анкетите покажуваат, сите заедно ќе победиме, во првиот круг!
Ве повикувам сите, да се вградите во овој многу важен процес за нашиот град. Во оваа конечна битка, да ги поразиме остатоците на режимот. Ќе бидам идниот градоначалник на Штип. А Штип ќе биде вистински центар на истокот и најубавиот град во Македонија“, пишува тој на Фејсбук.
Од осамостојувањето во пет изборни циклуси СДСМ има освоено само два градоначалнички мандата и ниту еднаш мнозинство во советот. Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ одамна Штип го смета за свое главно упориште и веројатно е дека ќе оди и на четврти освоен градоначалнички мандат.
Ова значи дека , како и многупати досега, и на овие избори рејтингот на двете партии и политичката клима, повторно ќе се мерат во Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст