| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот закон за химната предвидува затворски казни

Во Кина е донесен Закон за исполнување на националната химна, според кој сите што нема да ги почитуваат законските норми поврзани со химната може да бидат уапсени.

Законот, кој ќе влезе во сила на први октомври, треба да гарантира дека пеењето на државната химна ќе биде согласно правилата на државата.

Предходно, државните медиуми објавија дека сите тие што намерно ќе го менуваат текстот на химната ќе се соочат со кривична пријава, а ќе можат да бидат задржани во затвор до 15 дена.

Според новиот Закон, химната нема да може да се изведува на погреби и други „неумесни“ поводи како комерцијални реклами, а не смее да се користи ниту како фон музика на јавни места.

Употребата на химната ќе биде дозволена само на официјални политички настани и собири, спортски натпревари и други соодветни поводи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top