СДС како и во сите области така и во образованието расипнички потроши 3 месеци, а ништо не направи. Расипничката влада на СДС потроши стотици милиони евра од аукциите на државните хартии од вредност и од девизните резерви, а не направи ниту еден проект во образованието. Освен укинување и стопирање на крупни образовни проекти и реформски процеси, како и намалување на буџетските средства наменети за подигнување наквалитетот на образованието, во изминатите 3 месеци не видовме ниту една мерка која СДС ја спроведе во интерес на засегнатите чинители во оваа широка општествена сфера, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Поради некадарноста на министерката за образование и наука од редовите на СДС, институцијата која ја раководи потфрли во извршувањето и на најрутинските активности за успешен старт на новата учебна година. Во понеделник наставата треба да започне, а во училиштата се уште не е дистрибуиран ниту еден учебник. Рената Дескоска ја лаже јавноста дека тоа ќе биде завршено за 10 дена, занемарувајќи го фактот дека се работи за 500-тини училишни објекти и за преку 270.000 ученици. Изминаа 3 месеци во кои СДС не успеа да закова ниту една шајка во постојните училишта, а не пак, да изради барем една нова училница. Само празни најави и ветувања. Училишните објекти каде во текот на летото беа извршени реконструктивнии санациони активности, а кои Дескоска бесрамно денес ги споменува и присвојува, се всушност инвестиции и активности кои ги започна и речиси заокружи Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ во чие време, потсетуваме се изградени 74 нови училишта, преку 400 се реконструирани, а изградени се и повеќе од 100 училишни спортски сали“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дополнително, Рената Дескоска на денешната прес-конференција го сокри фактот дека ги стопираше активностите за околу 15 други училишта кои беа дефинирани и требаше да бидат реконструирани ова лето, како ОУ “Никола Карев“ во Пробиштип, ОУ “Тошо Арсов“ во Штип, ОУ “Васил Главинов“ во Чаир, “Перпарими“во Чегране… Трагично е што учениците кои годинава за прв пат ќе седнат во средношколските клупи, наместо по најсовремени наставни програми и учебници изготвени од реномираниот светски провајдер – Меѓународниотцентар за наставни програми и учебници, ќе учат по материја која не ги интегрира најновите научни достигнувања и информации, а наставниците пак, ќе се вратат неколку чекори назад и ќе наставата ќе ја реализираат преку застарени методи и техники, затоа што СДС ја укина можноста да ја изразат личната креативност и иновативност во предавањата“.
Особено, стои во реакцијата, загрижува и фактот што СДС започна со брутална партизација и на оваа суштинска општествена област.
„Па така, и покрај забраните од Државната комисија заспречување на корупцијата за отворање на нови работни места, информациите говоратдека СДС “на големо“ почна да вработува несоодветен, партиски кадар кој треба да ги едуцира најмладите, а дополнително, во време на изборен период, скандалозно најавува и вработување на 70 персонални асистенти за ученици со посебни потреби! Прашуваме, дали целта е да се купат нови гласови за партијата која без победа напоследните избори го презеде раководењето со институциите? Вистината е дека наместо да продолжи да се развива и унапредува, движејќи се по веќе трасираниот пат за добивање на европски предзнак, македонскиот образовен систем почна да ги чувствува ефектите од погрешните политики и одлуки на антиреформската влада предводена од СДС и полека ги губи вредностите кои ги достигна во изминатите години. По победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, ќе се отвори можноста и за предвремени парламентарни избори по кои, образованието и останатите области, како и сите општествени групи и граѓани ќе го добијат заслуженото внимание“, се додава во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст