| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Настиќ вечерва во „Епицентар“

Eден од најголемите уметници од Југоисточна Европа, Марко Настиќ, вечерва ќе настапи во Скопје, во дискотеката „Епицентар“ во Градскиот парк од 23:59 часот.

Додека тој и неговите пријатели ја градеа една од најживописните клупски сцени на Балканот, често инспирираа и други како: Mixmag, The Face и NME да пишуваат и да ја претставуваат.

Во неговата 20-годишна кариера има направено повеќе од 200 изданија, вклучувајќи rmx и копродукции.

Најпознат е по неговите сетови на 3 дека, што му овозможи многу патувања во светот и резиденција на фестивалот EXIT.

Во моментов издава за неговиот label Sake & Vinyl Only и Ama.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top