Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, продолжи со теренските активности и средби со граѓаните низ населените места во Република Македонија, а беше да ги слушне проблемите и потребите на граѓаните во Општина Гази Баба.
На новинарско прашање како е задоволен од работата и проектите во оваа општина, Груевски кажа дека таа е многу сложена и тешка за водење, затоа што во голем дел е рурална, со големи и реални потреби на граѓаните кои што треба да се завршат, а со прилично низок буџет во однос на потребите.
– Во едни такви услови направено е максимум од страна на општината, со поддршка и на градот Скопје, со поддршка и на Владата. Од она што може да се види јавно во отчетот што градоначалникот го подели, изградени се околу 85 улици со вкупна должина од околу 100 километри, изградени се вкупно канализациони мрежи и водоводи околу 40 километри, изјави Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека изградено е едно училиште во Железара, а уште едно се гради во Хиподром. Покрај училиштата во Гази Баба е изградена и една детска градинка и во тек на реализација се многу други проекти, кои не се така крупни како другите како што кажа Груевски, меѓутоа општината работи на нив.
– Во едни такви сложени околности можам да кажам дека работите се одвиваат добро и дека имаме успех. Во четири години да се направат толку работи, со толку мал буџет и со толку скромни средства е сериозен успех, изјави Груевски.
Тој потенцираше дека општината има уште многу потреби, но кажа дека тие и понатаму ќе останат посветени на оваа општина и доследни на она што го ветуваат пред граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии