| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на СДС ниту гради, ниту реализира проекти, нема ни еден километар автопат од ветените 500

Антиреформската влада на СДС на дело ја покажа целата своја неспособност и неработење. Во Македонија ниту се гради, ниту се реализира. Јавноста од нив не виде ниту еден километар од ветените 500 километри нови автопати, изјави Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

– За три месеци од својот мандат СДС потрошија над 350 милиони евра што по основ на задолжување, што по основ на топење на девизните резерви, а реализација нема никаква. Речиси сите проекти кои претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ги имаше отпочнато и ги работеше почнаа да се запираат. Владата на СДСМ токму со запирање на изградба на автопатите го покажа целото свое незнаење. Владата на СДС преку неоправданото прекинување на изградбата на автопатите остави во неизвесност над 2000 работници кои токму преку овој ангажаман обезбедуваа егзистенција за своите фамилии. Владата на СДС остави десетици домашни фирми и претпријатија кои директно или индирекно беа ангажирани во изградбата без можност да работат и со тоа да придонесуваат во домашната економија, вели Мисајловски.

Тој додава дека одговорот е јасен. Владата на СДС креира проблеми таму кај што ги нема само за да не се реализираат најкрупните проекти што ВМРО-ДПМНЕ ги започна.

– Народот очекува во најмала рака СДС да го доврши тоа што е веќе почнато. Народот очекува да ги продолжи тендерите за изградба на нови патишта кои ги отпочна владата на ВМРО-ДПМНЕ, па макар и да се китат и со туѓи перја. Народот очекува СДС освен тоа да отпочне и да реализира тоа што го вети, да изгради 500 километри нови автопати. Народот очекува барем еден километар од тоа што лажно го ветуваше СДСМ пред граѓаните. Јавноста веќе виде дека СДС нема реализација. Се пофалија дека добиле грант средства за изградба на експресниот пат од Градско – Прилеп но реалноста е дека немаат мрднато со прст бидејќи за овој проект тендерот беше распишан уште минатата година а се обезбедени средства исто така минатата година а сега заврши само рокот односно временскиот рок за доставување понуди за градба од страна на компаниите. Затоа граѓаните веќе ја видоа разликата помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ и многу скоро на престојните локални избори ќе им испорачаат катастрофален пораз, истакнува Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top