| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: За СДС не постојат ниту право, ниту закони


Незаконските разрешувања и назначувања станаа начин на работа на Владата на СДС. Денес ќе ви презентираме еден случај на незаконски разрешувања и назначувања во АД за давање услуги во воздухопловна навигација, со што СДС уште еднаш докажува дека за нив не постои ниту правото, ниту правниот систем, ниту пак ги почитуваат законите на Владата на РМ, вели на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Србов.

Србов додава дека владата на СДС најпрвин на 3ти август носат одлука за назначување на тројца членови на Надзорниот одбор директно потпишана од господинот Зоран Заев со која назначени се Ангел Папеш, Весна Павлов и Едмонд Калиќи.

-На таа седница од страна на Надзорниот одбор именувани се новите извршни директори на воздухопловна навигација и техника Климент Чепуновски и Николче Тасески кој воедно треба да е и Претседател на Управниот одбор на институцијата. Но, се би било во ред доколку при барање за упис на новите членови на надзорниот одбор во Централниот регистар на 24 август, барањето не би било одбиено од страна на Централниот регистар заради еден од членовите кој имал незавршени обврски кон Централниот регистар, вели Србов.

Членот на ИК истакнува дека на ден 30 август повторно е поднесено барање за упис на членовите на Надзорниот одбор, со што повторно е одбиено од страна на Централниот регистар.

-Со ова, се докажува дека новоизбраните двајца директори на СДС се незаконски избрани и нивните одлуки и акти во изминатите период се незаконски. Потенцирам, сите нивни одлуки и акти ќе бидат незаконски и ќе подлежат на кривична одговорност. Сериозноста на работата на институцијата, не дозволува Владата на СДС да си поигрува со назначувањето на раководни лица во истата институција. Ова е преседан и срам за Владата на СДС. Со ова се делегетимираат институциите, се става во опасност работењето на институцијата и најважно, некој за ова кривично ќе одговара, за грубо прекршување на законите. Ова е следење на беззаконието и самоволието кое го демонстрира изминатиов период господинот Зоран Заев, а го најави уште одамна со менувањето во секој институција од чистачка до министер. Од ваквите незаконски именувања последици ќе има институцијата, граѓаните, безбедноста на воздухопловниот систем,
нагласува Србов.

Тој ги повикува овие незаконски назначени кадри кои заедно со сите инволвирани во случајот на незаконско именување кој ќе одговараат кривично, да си поднесат оставка во најбрз можен рок.

Србов вели дека ваквиот начин на работа на СДС граѓаните како што и секогаш повторуваме ќе го казнат на наредните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top