Работниците извисија. Најавените 12.000 денари за 130.000 луѓе од приватниот сектор нема да се остварат. Иако Владата вети дека тие почнувајќи од денеска ќе добиваат повисока плата, тоа барем во септември нема да се случи. Предлог законот е изготвен, но чека термин во Парламентот. Од Министерството за финансии се правдаат – расправата за разрешување на јавниот обвинител била причина за одложувањето.
– Одложувањето на покачување на минималната плата е бидејќи законот не стигна за расправа на Собрание поради маратонската расправа за разрешувањето на јавниот обвинител. Се надеваме дека наместо од први септември, најавеното зголемување на минималната плата ќе се оствари со само еден месец задоцнување од октомври. Но се зависи од подготвеноста на пратениците да ги донесат законските измени без одолговлекувања – велат во од Министерството за финансии за Алфа.
Власта уште пред еден месец се пофали дека минималецот ќе порасне во септември. Сепак, за нивните пратеници поприоритетно беше разрешувањето на обвинителот, а не стандардот на работниците.
Економистите велат дека зголемувањето на минималната плата е секогаш добредојдено.
Минималната плата во Македонија за прв пат беше законски воведена пред речиси шест години. И досега законски се корегираше секоја година – во 2013 изнесуваше 8.050 денари, во 2014 година 8.800 денари, во 2015 9.590 денари, а во 2016 година 10.080 денари.
Минималната плата не е единственото владино ветување кое ќе доцни. Најпрвин беше најавено дека дневната евтина тарифа ќе стартува за сите на 1 октомври, за потоа да се испостави дека процесот ќе оди етапно и помалите сметки ќе стигнат дури во ноември или декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст