| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд временска прогноза

Во Македонија во сабота уште еден сончев и надпросечно топло ден, со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 27 до 37 степени. Промената на временската состојба ни доаѓа во недела со преодна дестабилизација на времето. Ќе биде умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд, ветровито и посвежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните и источните предели, локално и до 25 литри.

Утринските температури од 11 до 20 степени, додека пак дневните од 23 до 33 степени. Во понеделник и вторник свежо утро со утрински температури од 5 до 14 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност, ветровито и свежо време со пад на температурите. Во понеделник дневните температури од 18 до 28 степени, додека пак во вторник зголемување на облачноста и максимални температури од 17 до 27 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top