| четврток, 6 декември 2018 |

Дезинсекцијата против комарци во Скопје ќе биде извршена до 6 септември

Терестричната дезинсекција против комарци на подрачјето на Град Скопје што требаше да започне на 28 август, а беше одложена поради временските услови, ќе продолжи во некој од деновите до 6 септември.

Град Скопје денеска информира дека доколку временските услови не дозволуваат да се изврши дезинсекцијата, тогаш таа ќе биде реализирана првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно.

Од Град Скопје апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top