Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам.
-Големите верски празници се мигови кога се празнуваат традиционалните вредности на хуманост, толеранција и заедништво. Република Македонија има вековна традиција на заеднички живот помеѓу различните верски и национални групи и таа традиција треба да ја развиваме и негуваме од почит кон нашите предци, но и како обврска за нашите идни поколенија. Во овие денови обединети, заеднички да покажеме меѓусебно почитување и да упатиме силна порака дека единствено преку меѓусебно разбирање и соживот ќе создадеме вредности кои ќе дадат огромен придонес за развој и просперитет на нашата држава. Во духот на овие вредности, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот празник Курбан Бајрам и им посакува овие празнични мигови да ги поминат во радост, спокој и хармонија во кругот на своите семејства, стои во соопштението на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст