Четири годишно девојче од гостиварското село Градец се здобило со тешки повреди при несреќен случај кој е регистриран вчера околу 12:30 часот.
Девојчето со фрактура на бедрената коска, повреди по главата и стомачната регија и други повреди било донесено во медицинскиот центар во Гостивар од каде случајот е пријавен во полиција, а поради сериозноста на повредите малото девојче е пренесено во Клиничкиот центар на Детска хирургија.
Според информациите со кои располага полицијата, девојчето си играло во дворно место во момент кога друго малолетно лице влегло во автомобил кој бил во дворот, по што истиот се придвижил и удрил во девојчето.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст